Кина под удар на силна бура: Еден милион луѓе евакуирани, аеродромите затворени

LinkSense.mk

Силен ветер и обилни дождови го погодија источниот брег на Кина, а бурата Муифа предизвика превентивна евакуација на повеќе од еден милион луѓе и откажување на летовите во Шангај. Засега надлежните не објавија каква било информација за загинати, повредени или направена поголема материјална штета, делумно и поради тоа што се преземени бројни превентивни мерки.

Муифа е најсилната бура што го погодила Шангај, најнаселениот град во Кина со 25 милиони жители, од 1949 година, објави државната телевизија.

Поради ризик од поплави или оштетување на домовите, повеќе од 400.000 Шангајци се евакуирани на безбедно како мерка на претпазливост, како и 1,26 милиони жители на соседната крајбрежна провинција Жеџијанг.

Кинеските медиуми објавија снимка од припадник на шангајската полиција во флуоресцентно жолта униформа, како одат од врата до врата во старите населби, помагајќи да се евакуираат жителите и да ги сместат во спортски сали.

Управата на двата главни градски аеродроми, Пудонг и Хонгкиао, од вчеравечер најави откажување на сите летови поради приближувањето на бурата.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)