Кина: „Синофарм“ одобрена за деца од три до 17 години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, која ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба за деца на возраст од три до 17 години во Кина, соопштија официјални лица.

Оваа информација ја објави на конференција за новинари Шао Јиминг, истражувач во кинескиот Центар за контрола и превенција од болести.

Кина до сега искористи вкупно 845,3 милиони вакцини, а само во средата биле дадени 20,4 милионидози, се наведува во податоците на Националната комисија за здравје.