Кина со биткоин ќе го „напаѓа“ американскиот долар

Се повеќе е веројатно дека кинеската влада ќе ја поддржи популарната криптовалута „биткоин“ како средство за поткопување на надворешната и монетарната политика на Америка, изјави Питер Тил, инвеститор и косопственик на „ПејПал“.

Тој вели дека Пекинг на ист начин се обиде да го употреби и еврото.

Тил, на виртуелната конференција, која ја организираше Фондацијата „Ричард Никсон“, рече дека САД треба да разгледаат можност за построги прописи за криптовалутите.

Коментирајќи дека кинеската дигитална валута може да го загрози статусот на американскиот долар како глобална резервна валута, бизнисменот сугерирал дека „интерниот стејбиткоин во Кина“ ќе изнесува нешто повеќе од „тоталитарна мерна единица“.

„Од гледиште на Кина, тие не сакаат Америка да ја има оваа резервна валута, затоа што таа овозможува многу моќ по пат на ланец на снабдување со нафта и слично. Иако сум поборник на криптовалути, посебно на биткоинот, се прашувам дали во овој момент и биткоинот треба делумно да се смета за финансиско оружје против САД, затоа што го загрозува американскиот долар“.

Тој додаде дека Кина во последниве години се обиде да ја деноминира трговијата со нафта во евра, во обид да ја поткопа глобалната положба на доларот, пренесе РТ.

„Мислам дека еврото може да се смета за дел од кинеското оружје кон доларот – последната деценија не функционираше на тој начин, но Кина би сакала да види две различни валути, како што е тоа еврото“, истакна Тил.