Кина ќе обезбеди хуманитарна помош од 1,57 милиони долари за Украина

LinkSense.mk

Кина ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 1,57 милиони долари за Украина, „во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата и од потребите“, информираше денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претходно, овој месец, Кина ја обезбеди својата прва хуманитарна помош за Украина, во вредност од 790.000 долари, пренесува МИА.