Карлос Тевез и Оскар не можеа да им одолеат на купиштата пари понудени од Кина, а сега на тест е ставен Вејн Руни.
Триесет и едногодишниот капитен на Манчестер јунајтед и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Англија, има понуда да стави потпис на договор со кинески клуб, и да заработува по 700.000 фунти неделно (околу 820.000 евра).
Напаѓачот на „ѓаволите“ го посакуваат Гвангџу Евергранде, најбогатиот кинески клуб, и Пекинг Гуан, кој му дава двојно повеќе од платата која ја зема на „Олд Трафорд“ (300.000 неделно).
Руни, според пишувањето на англиските медиуми, веројатно нема да ја прифати понудата, затоа што сака да го престигне Боби Чарлтон на вечната листа на стрелци на Јунајтед (250).
До сега постигна 248 голови.
Кинескиот фудбалски сојуз неодамна донесе одлука на екипите да им се намали бројот на странски играчи, од пет на четири (на теренот тројца), со образложение клубовите да можат финансиски да се растеретат.