Кинези нудат 18 милиони евра за Манџукиќ

Кинескиот клуб Гвангџоу Р/Ф, чиј тренер е Драган Стојковиќ Пикси, му понуди на напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, дури 18 милиони евра за едногодишен договор, пренесуваат италијански медиуми.

Хрватот не е во плановите на тренерот Маурицио Сари, не одигра ниту еден натпревар и извесно е дека во јануари ќе замине од Торино, што сака да го искористи клубот на Пикси за кој настапува и поранешниот српски репрезентативец Душко Тошиќ.

Искусниот 33-годишен фудбалер летово одби да оди во Катар, сега интерес покажаа Севиља и Манчестер јунајтед, но не даваат толку добри финансиски услови како Кинезите.

„Разговараме со Манџукиќ и бараме најдобра опсија. Отворени сме за сите можности“, вели спортскиот директор на торинските црно-бели, Фабио Паратичи.

Манџукиќ во Јувентус е од 2015 година, а пред тоа играше за Атлетико Мадрид, Баерн, Волфсбург, Динамо и Марсонија.

Од репрезентацијата на Хрватска се прости после второто место на Мундијалот во Русија во 2018 година.