Кинескиот „ровер“ испрати први слики од Марс

Кина објави први фотографии кои роботот ровер „Зуронг“ ги сними на Марс, а на кои се гледаат и соларните панели на роботот.

Како што наведува Би-Би-Си, роверот слетал на Црвената планета во неделата рано утрината, по пекиншко време, а со тоа достигнување Кина е втора држава, после Соединетите Американски Држави, која успешно стави сонда на површината на Марс и со неа управува подолг временски период.

Кинеските научници се надеваат дека ќе успеат да добијат најмалку 90 дена служба на Марс од роботот со шест тркала кој се наоѓа на огромен терен на северната хемисфера на планетата.

Зуронг“ е возило што по многу нешта наликува на возилата на американската свемирска агенција (Наса) „Spirit and Oportuniti“, тешко е околу 240 килограми, а го напојуваат соларни низи.

На високиот јарбол се поставени камери за снимање и фотографирање и помош во навигацијата, а пет дополнителни инструменти ќе ја истражуваат минерологијата на локалните карпи и општата природа на животната средина, вклучувајќи го и времето.

 

 

(Фото: АП)