Кичеец повеќе нема да може да ги користи олеснувањата во отворените одделенија

Осудениот Зоран Милески – Кичеец е преместен од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга, информираат од Управата за извршување на санкции.

Како што појаснуваат оттаму, тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, а причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески.

Дополнуваат дека со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

Милески е осуден на три години затвор за случајот „Рекет“, и е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи на 4-ти септември, во која загина едно лице.

 

 

ФОТО: МИА