Клиниките во ЕУ се подготвуваат за вториот бран на пандемијата

LinkSense.mk

– Болниците во ЕУ се подготвуваат за вториот бран на заразата со коронавирусот, преку обука на резервната работна сила и организирање на нивната мобилност.

– Ни треба здравствена армија, изјави Маурисио Чекони, претседател на Европското здружение за интензивна медицина и шеф на одделот за интензивна нега во болница во Милано.

Како што јавија германските медиуми, тој потенцира дека, ако дојде до уште еден голем бран, болниците треба да бидат подготвени.