Ковачевски: „Ќе направиме се за Скопје, заради скопјани, а не заради политика“

LinkSense.mk

„Владата во рамките на своите надлежности ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Скопје, а кои им се потребни на скопјани, меѓутоа и на сите други градови. Работам со владиниот тим за да се согледаат можностите да преземеме дел од проектите во Град Скопје и да ги реализираме. И сето тоа заради скопјани, а не заради политика“, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Обврска на оваа Влада, истакна Ковачевски, е да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите кои ги има. Во тој дух била и посетата на министерот за локална самоуправа и на министерката за култура на Град Скопје.

„Мислам дека сме пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала, за да може тој објект да биде завршен и даден на користење на граѓаните на Скопје“, рече Ковачевски во одговор на прашањето дали Владата ќе ги преземе нешто по хаосот што настана денеска во јавниот градски превоз во Скопје.