Ковидот доаѓа од пазар, а не од лабораторија?

LinkSense.mk

Првиот познат пациент заболен од ковид-19 била продавачка на пазар во кинескиот град Вухан, а не сметководител кој немал никаква врска со пазарот, но чиј случај придонесе кон шпекулациите дека вирусот излегол од лабораторија, се тврди во една американска студија.

Сметководителот, за кој се сметало дека е првото лице заразено со корона вирус, информираше дека неговите први симптоми се појавиле на 16 декември 2019 година, неколку денови подоцна отколку што првобитно беше познато, навел во студијата Маклј Вороби, шеф за екологија и еволуциона биологија на Универзитетот во Аризона, а објавено во списанието „Сајенс“.

Недоразбирање, меѓутоа, предизвика проблемот со забите кој го имал 8 декември, пренесува Ројтерс.

„Неговите симптоми се појавиле после повеќе случаи на ковид регистриран кај работници на пазарот во Хуанан, заради што продавачката на морски плодови е најпрв познат случај, со почеток на болеста на 11 декември“, се наведува во студијата.

Речено е дека повеќето од претходните симптоматски случаи биле поврзани со пазарот, посебно со неговиот западен дел, каде што во кафез биле чувани ракуни, што послужило за силни докази за тоа дека пандемијата потекнува од пазар каде што се продаваат живи животни.

Овогодишната заедничка студија на Кина и Светската здравствена организација ја отфрли теоријата дека ковид-19 настанал во лабораторија, наведувајќи дека е најиздржана претпоставката дека преминал на луѓе по природен пат, веројатно по пат на трговија со диви животни.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)