Ковид сертификатите ја креваат рампата на Стариот континент

Од 1 јули, во Европската унија на сила стапува „дигитален ковид сертификат ЕУ“ којшто би требало да го олесни патувањето во рамките на Унијата.

Тринаесет земји, како Белгија, Грција или Хрватска веќе им овозможија на своите граѓани да му пристапат. На земјите кои имаат потешкотии да се приклучат оставен им е рок до средината на август.

Државите членки се обврзани да ги прифатат вакцините кои ги одобри Европската агенција за лекови, а можат самостално да одлучат дали ќе ги прифатат „синофарм“ и „спутник“.

Пропусницата ќе ги содржи основните податоци како што се видот на вакцината, бројот на дози, дата кога се примени, име и презиме на лицето, бројот на патниот документ… Таа важи и за деца на возраст од шест и 18 години.

Ќе се применува во сите членки на ЕУ, како и на Исланд, во Норвешка и Лихтенштајн. Моментно преговори севодат со Америка, Велика Британија и Швајцарија.

Многу земји веќе имаат национална пропусница, која само треба да се интегрира во европска.

Со воведување на „санитарниот пасош“, меѓутоа, нема да престанат маките. Затоа што земјите различно ја дефинираат валидноста на тестот, од 24 до 72 часа. Некои признаваат „брзи“ тестови, други – не. Некои држави, исто така, можат да одлучат и да го намалат рокот од 180 после прележана болест. А, различно се третира и возраста.

Во Португалија, на пример, мораат да се тестираат деца постари од две години, во Шпанија од шест, во Франција од 11, а во Хрватска од 12 …