Ковчегот на кралицата Елизабета Втора за последен пат во Бакингемската палата

epa10182154 The hearse carrying the coffin of Britain's Queen Elizabeth II heads to Buckingham Palace in London, Britain, 13 September 2022. The arrival of the coffin at Buckingham Palace will be witnessed by the King and Queen Consort, with other members of the Royal Family. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET
LinkSense.mk

Кралот Чарлс и сите членови на потесното кралско семејство синоќа се собраа во Бакингемската палата за да го пречекаат ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора, додека десетици илјади луѓе беа по улиците за време на неговото минување низ Лондон.

Некои од нив само стоеја, други фрлаа цвеќе.

Кралицата почина во четвртокот, на 96-годишна возраст.

Нејзината смрт предизвика луѓе да се собираат во кралските палати низ целата земја, со цел да изразат сочувство.

Чарлс, кој автоматски стана крал, исто така патува низ Велика Британија и ги преводи поворките за одавање почит кон досегашниот суверен.

Принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата, заедно со ковчегот патуваше од Шкотска, каде се наоѓаше од нејзината смрт, минатата недела.

„Ми беше чест и привилегија да бидам со неа на нејзините последни патувања. Ме разнежни љубовта и почитувањето што толку луѓе ги изразија на тие патувања“, се наведува во соопштението на Ана.

Ковчегот со голема воена поворка денеска ќе биде пренесен до салата Вестминстер, каде ќе биде изложен до погребот во понеделник.

Јавноста ќе може да го погледне во кое било време во денот, до утрото кога ќе се одржи погребот, каде присутни ќе бидат светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден.

 

ФОТО: МИА