Луѓето со векови користат мед и лимон, а овие производи особено се популарни во традиционалната кинеска медицина и Ајурведата, индиски систем на лекување. Медот нема рок на траење, а циметот е ценет и вреднуван илјадници години наназад. Денес, секој има пристап до овие два производи, чии позитивни ефекти се научно докажани. Особено е ефективна мешавината од мед и цимет.
Bride Side направи интересна статија за тоа кои процеси се случуваат во телото доколку секојдневно употребувате мед и цимет.
Спречува стареење
Слободните радикали (оксиданти) агресивно го оксидираат ткивото и ги уништуваат клетките, што може да доведе до предвремено стареење и болести. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали, со што се намалува процесот на стареење.
– Медот содржи феноли, енизми, флавониди и органски киселини кои се можни антиоксиданти. Досегашните студии имаат покажано дека потемниот мед е побогат со овие компоненти.
– Циметот содржи полифеноли, кои исто така, се силни антиоксиданси
. Ја подобрува работата на срцето
Медот и циметот помагаат во превенција на кардиоваскуларни болести.
-Медот го зголемува протокот на крв до срцето, додека циметот го намалува лошиот холестерол.
3. Корисни се против бактериски инфекции
Медот и циметот имаат антибактериски ефект, така што оваа комбинација може да ја користите не само кога сте настинати, туку и при други инфекции.
– Медот е природен антибиотик, долго време се користел за дезинфицирање на рани.
– Циметот има антибактериски, антивоспалителни и антигабични дејства.
4. Помага при намалување на тежината
Циметот и медот не се продукти од кои се слабее, но заедно можат да делуваат за побрзо губење на тежината, доколку тоа ви е целта. Шеќерот може да го замените со мед, а циметот го намалува нивото на шеќер во крвта и ја зголемува чувствителноста на инсулин, што е одговорен за метаболизмот.
Пијте една чаша вода со една малечка лажичка мед и половина лажичка цимет половина час пред појадок или 30 минути пред да си легнете.