Комисијата за мандатно имунитетни прашања едногласно, со пет гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, одлучи да ги одобри 6-те барања на судот да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски.
Крајниот збор го има парламентот кој треба да одлучи со просто мнозинство од 61 пратеник.
Денеска попладне се очекува да се одржи седницата на која парламентот ќе одлучува. Доколку гласаат 61 пратеник официјално имунитетот на Груевски ќе биде одземен со што судот ќе може да му одреди притвор во шестте предмети на СЈО.
На седницата на Комисијата не присуствуваа членовите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.







