„Комитите“ бараат правда за Саздовски

LinkSense.mk

Навивачката група „Комити“ излезе на протестен марш во чест на починатиот член на групата, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по деветдневната кома од нападот врз него од три лица, почина в болница.

Комитите“ извикуваат „Правда за Саздо“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Нема назад“ и „Не сте свени колку сме бесни“.

На патот кон Основното јавно обвинителство, застанаа пред ТЦ Мавровка кога полицијата не им дозволи да поминат од кај плоштадот Скендербег, заради што тие почнаа да скандираат против нив.

Во Автокоманда, од каде што демонстрантите се упатија кон обвинителството, забележано беше присуството на неколкумина политичари. Таму беа Јанко Бачев и дел од партиското раководство на Единствена Македонија и претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров.

Навивачката група, вчера, со соопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани што се чувствуваат како Македонци од кој било дел на државата да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата.