„Комитите“ се простија од Саздовски: Ќе ја истераме правдата

LinkSense.mk

Никола Саздовски, кој по неколкудневно лекување на КАРИЛ, по нападот од три лица, денеска им подлегна на повредите.

Навивачката група „Комити“ се прости со својот навивач.

„Престана да чука младото комитско срце, не успеа да победи во последната битка. Десет дена срцето лавовски се бореше со сите нанесени повреди и на крај се реши да одмори, да отпатува на подобро место. Саздо беше нападнат и убиен од луѓе кои само се нарекуваат навивачи, а во основа се криминалци, дилери, убијци и најважно од сè, заштитени се како никој друг во државава. МВР, ОЈО, НВО-та и некои квази новинари прво се обидоа да го заташкаат случајот и да го пренесат кон друг правец, па од кога беа фатени во лага се обидоа да се правдаат и сето тоа само зошто беше комита и Македонец.

Прости ни Саздо, не успеавме да те заштитиме од нашите душмани. Даваме заклетва дека ќе ја истераме правдата на кој било начин. Ќе останеш засекогаш во нашите срца и во душата на Западот. Еден ден, повторно ќе се сретнеме таму горе и ќе запееме заедно. Сочуство до фамилијата и најблиските“, се вели во пораката на комитите објавена на ‘Фејсбук’.“

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во селото Ракотинци со почеток од 13 часот.

Инцидентот се случи на 29 минатиот месец околу 17:30 часот во Автокоманда.

Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19) излегле од автомобил „мерцедес“, го претепале момчето и избегале. Саздо, како што од милост го нарекуваа другарите, останал да лежи на земја. Во безсознание бил пренесен во болница. Оттогаш беше во кома, а почина утрово.