Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

октомври 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
  • Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
  • ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комплетиран владиниот состав, рокот за поднесување на предлогот истекува на 2 септември
Македонија

Комплетиран владиниот состав, рокот за поднесување на предлогот истекува на 2 септември

август 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ДУИ го објави името на новиот министер за информатичко општество и администрација со што се комплетира составот на новата влада која треба да биде избрана во Собранието.

Нивниот предлог е Јетон Шаќири, професор на Меѓународниот универзитет во Струга, да раководи со ова Министерство.

Рокот за поднесување на предлогот за избор на нова Влада истекува на
2 септември.

Откако во петокот беше избран Талат Џафери за претседател на Собранието, сега се очекува во наредните денови да биде закажана и седницата за избор на новата влада.

Во новата влада, како што најави мандатарот Зоран Заев, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.

Предлозите за новите министри беа објавени во средата откако претходно беше официјализирана коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.

Од редовите на СДСМ во состав на новата влада влегуваат Оливер Спасовски кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи, Радмила Шекеринска која ќе продолжи да го води Министерството за одбрана, а предлогот за нов министер за правда е Бојан Маричиќ.

Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефовска ќе биде нов министер за култура.

Венко Филипче останува министер за здравство, додека вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука.

Досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања.

Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата.

ДУИ ќе раководи со Министерството за финансии, Министерството за
надворешни работи, Министерството за економија и Министерството за животна средина.

Ќе има и вицепремиер и министер за политички систем.

Предлогот на ДУИ е Артан Груби да биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши министер за економија и Насер Нуредини за животната средина.

Предлозите за нови министри во средата беа одобрени од највисоките тела на двете партии.

Мандатарот Заев од владиниот тим очекува работа, чесност и одговорност.

„Би почитувал работа и повеќе од осум часа. Очекувам комплетна фокусираност зашто не чека неповторлив период. Втората работа е чесноста и одговоронста, изјави Заев во средата по седницата на Централниот одбор на партијата. Најави и одговорност за секој оној кој ќе се огреши пред законот без разлика дали е министер или не. Очекувам од кадрите да преземат одговорност секогаш. Тоа е пораката“, рече Заев.

актуелно владин состав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

октомври 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.