Короната во Бразил зема замав: На ден по 85.000 случаи и 2.700 починати

Во Бразил се пријавени 85.748 нови случаи од коронавирус забележани во изминативе 24 часа и 2.723 смртни случаи од ковид-19, соопшти денеска бразилското Министерство за здравство.

Земјата до сега регистрирала 17.122.877 случаи од почетокот на пандемијата, додека официјалниот број на починати се искачил на 479.515, според податоците од министерството, пренесува Ројтерс.

Бразил е трета земја по размерите од пандемијата со корона вирус, веднаш зад Соединетите Американски Држави и Индија, а според бројот на починати од последици од ковид-19 пред неа се само Соединетите Држави.

 

 

(Фото: ЕПА)