Короната дивее во Франција: Вчера рекордни 41 илјада заразени

Пандемијата со корона во Франција се повеќе зема залет. Засега короната не се предава. Во петокот во земјата имаше 41.869 новозаразени, додека бројот на починати е зголемен за дури 897.

Од тој број, во болниците за еден ден починале 303 пациенти, и дури 549 жители на старски домови, од вторник до петок, и покрај тоа што во овие установи се вакцинирани дури 90 проценти постари од 75 години.

Бројот на пациенти на реанимација порасна за 57, на 4.766, а вкупниот број на лица на болничко лечење за 206, на 27.242.

Властите и покрај се, се надеваат дека со постоечкиот полициски час од 19 до 6 часот наутро, затворени ресторани, кафетерии, кина, театри, музи, галерии и големите трговски центри, и специфичен карантин во најзагрозениот дел од земјата каде што двожењето на жителите е ограничено на 10 километри, но со отворени училишта, ќе успеат до 15 април да го запрат третиот бран од пандемијата и да тргнат во помирни води што, со засилена кампања за вакцинирање, ќе се овозможи да се види светло на крајот од тунелот.