Корона вирусот ги сотре младите Бразилци

Бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19 меѓу младите на возраст од 20 и 29 години во Бразил скокна за повеќе од 1.000 отсто од почетокот на годината до средината на април, покажуваат резултатите од студијата на државниот биомедицински институт „Фиокруз“.

Смртноста на популацијата меѓу 30 и 39 години порасна за 819 отсто, а меѓу лицата стари меѓу 40 и 49 години за 933 отсто, пренесува Ројтерс.

Според таа студија, просечната старост на хоспитализираните пациенти сега е 58 години, додека на почетокот на годината беше 62 години.

Просечната старост на починатите од последици од корона вирус падна на 65, додека во јануари беше 72 години.

 

(Фото: АП)