Корона во светот: Бројот на случаи премина 134 милиони

Од почетокот на пандемијата во светот се забележани повеќе од 134 милиони случаи на зараза со корона вирус, од кои моментно повеќе од 23 милиони се активни, покажуваат најновите податоци на сајтот „Worldometers“.

Според објавените информации, до сега од корона вирусот заболеле 134.074.138 луѓе ширум светот, 2.906.666 починале, а 108.055.707 заздравеле од оваа инфекција.

Во светот моментно се активни 23.111.765 случаи, а 0,4 отсто од заболените, поточно 100.974 се наоѓаат во течка или критична состојба.

Соединетите Американски Држави и понатаму предничат по бројот на заболените и починатите, со 31.651.628 заразени и 573.045 смртни случаи.

На второ место според бројот на заболени е Бразил со 13.197.031, а на трето е Индија со 13.045.065 заболени.

Другите држави имаат помалку од пет милиони регистрирани случаи со корона вирус.

Што се однесува на бројот на починати, на второ место, зад САД, е Бразил со 341.097, а на трето е Мексико со 205.598 лица.