Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов успешно е опериран на клиниката во Барселона, Шпанија, по повредата на предните вкрстени лигаменти.
Костадинов се чувствува добро и верува дека многу порано од предвиденото ќе заздрави и ќе се врати на фудбалските терени.
Фудбалерот на полскиот прволигаш Пјаст Гливице, популарниот Тихо, на натпреварот со Горник Лечна, во 77 минута, по еден воздушен дуел со противнички играч, лошо доскокна и ги скина лигаментите на коленото.