Кралот Чарлс: „Смртта на саканата мајка е момент на најголема тага“

LinkSense.mk

Смртта на мојата сакана мајка, Нејзиното Височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство, се вели во соопштението на новиот британски крал Чарлс, објавено по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

„Многу сме тажни поради смртта на нашата драга суверена и многу сакана мајка.

Знам дека оваа загуба силно ќе ја почувствува целата земја и Комонвелтот, како и голем број луѓе ширум светот – нагласи тој.

Во овој период на тага и промени, ме теши сознанието за почитта и длабоката наклонетост што ја имаше кралицата – се вели во изјавата на британскиот крал Чарлс.