Крај на ерата на Ангела Меркел: Новата германска влада ги објави главните цели

LinkSense.mk

После двомесечни преговори партиите на идната германска влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), го претставија вчера во Берлин својот коалициски договор.

„Мојата најважна порака денеска гласи: ‘Семафорот’ е тука. СПД, Зелените и ФДП постигнаа договор околу коалицијата“, рече кандидатот на социјалдемократите за канцелар, Олаф Шолц, користејќи го називот на тричлената коалиција кој се одомаќини во јавноста заради партиските бои на партиите.

„Нас не поврзува желбата земјата да ја поведеме напред“, истакна Шолц, кој патем додаде дека новата влада е„сојуз на партнери на исто ниво“.

Како еден од најважните проекти Шолц го најави вложувањето на дополнителни напори на остварување на климатските цели. Идниот канцелар како една од првите мерки го најави подигнувањето на минималната сатница на 12 евра.

Мојата цел во својство на иден канцелар е овој сојуз, кој го нарекуваме ‘Семафор’, да превземе слична улога како некој кој ќе насочува, како првиот семафор на светот кој во 1924 година е поставен тука, на Постдамскиот плоштад“, посочи Шолц.

Идниот германски канцелар своето обраќање го започна со укажување на сериозната епидемиолошка состојба, во која Германија овие денови бележи дневни рекорди на зараза во четвртиот бран на пандемијата со корона вирус.

Климата и обновата во прв план

Потпретседателката на партијата на Зелените, Аналена Баербок рече дека коалицискиот договор донесува „одговор на климатската криза како најголем предизвик на современото општество“.

Како еден од сигналите на поддршка на ваквата политика е и најавеното стварање на таканареченото единствено Суперминистерство за економија и заштита на климата, кое би требало да биде под надзор на Зелените.

Во коалицискиот договор дефинирана е целта за до 2030 година 80 отсто од енергијата во Германија да биде добиена од обновливи извори.

Претседателот на ФДП и најверојатно новиот министер за финансии Кристијан Линднер посочи дека неговата партија во новата влада ќе биде „гаранција на солидарното финансирање“. Тој како најважни цели на новата влада ги наведе модернизацијата и дигитализацијата на целокупното општество.

„Ние мораме да ја преминеме статус кво состојбата на Германија“, рече Линднер.

СПД би требало, освен канцеларискиот кабинет во кој треба да дејствуваат и државните секретари за миграција и интеграција и лутура, треба да го превземе водството на министерствата за внатрешни работи, одбрана, здравство, труд и социјални прашања, градежништво и тоа за економска соработка.

На Зелените, како втора по сила партија внатре во коалицијата, ќе им припадне местото за надворешни работи, за заштита на потрочувачите и животната околина, за земјоделство, семејство и новоформираното министерство за економија и заштита на климата.

ФДП, освен министерството за финансии, би требало да ги превземе и министерствата за образование, трговија и правосудство.

Поддршка на земјите од Западен Балкан

Коалицискиот договор, наречен „Одважи се за напредок“, напишан на речиси 160 страници, содржи насоки на идната влада, чија цел е, како што се наведува, „обнова на целокупното општество“.

На надворешнополитички план новата влада и понатаму ќе работи на јакнење на Европската унија и на трансатланското партнерство.

Кога е во прашање регионот на Западен Балкан, новата влада предводена од социјалдемократите стриктно го поддржува пристапниот процес на шесте држави кон полноправно членство во Унијата, со исполнување на Копенхагенските критериуми.

Владата тежнее кон отварање на пристапните преговори со Албанија и Македонија, продолжување на преговорите со Србија и Црна Гора и укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

Понатамошната цел е нормализација на односите меѓу Србија и Косово, како и постигнување на траен мир во Босна и Херцеговина. Тоа треба, како што е наведено, да почива на зачувување на територијалниот интегритет и надминување на етничката напнатост.

Оневозможување на илегална, поддршка на легална миграција

Новата влада би требала да го реформира законот за државјанство и да се олесни добивањето на германски патни исправи и да се овозможи двојно државјаство. Државјанството во иднина, наместо досегашните осум, ќе биде возможно и после пет години а регулиран престој во Германија, предвидува новиот коалициски договор.

Кога е во прашање миграциската политика, новата влада сака да го забрза процесот на одлука за пружање на правата на азил во Германија и зајакнато враќање во земјата на потеклото на оние кои немаат право на останување во Германија.

Ние ќе ја ограничиме нерегуларната и ќе ја овозможиме регуларната миграција“, стои во коалицискиот договор.

Во таа насока се движи и намерата за јакнење на вселување на експерти и воведување на можност за стекнување на работна и дозвола за престој за граѓани надвор од Европската унија. Целта е и продолжување на спогодбата со земјите од Западен Балкан за увоз на работна сила, која е на сила од 2016 година.

Партиите во деновите што следат треба да одлучат за министрите. Гермаските медиуми јавуваат дека со Министерството за надворешни работи ќе раководи потпретседателката на Зелените, Аналена Баербок, а со Министерството за финансии претседателот на ФДП, Кристиан Линднер. Позицијата за вицеканцелар, наводно, ќе ја превземе потпретседателот на Зелените, Роберт Хабек.

Формирањето на коалицијата уште треба да го потврдат партиите на своите конвенции или низ испитување на членството, а Олаф Шолц во првата недела на декември би требало во Бундестагот да биде избран за нов канцелар.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)