КРИК 06 Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење

LinkSense.mk
На 21.09.2021, 19:30 часот, Петар Халвард ќе одржи онлајн предавање насловено „Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење”. Предавањето ќе може да го следите на Facebook странта на КРИК – фестивал за критичка култура или на Zoom на следниот линк:
Во рамки на КРИК 06 оваа недела продолжуваме да го истражуваме јазолот на нашето време, причините за анксиозноста, и можните алтернативни формати на организирање на заедницата која ќе биде грижлива, праведна, солидарна и рамноправна. На 21.09.2021 (вторник) со почеток во 19:30 CEST/18:30 UK часот, на платформата зум и на фејсбук, радосни сме дека ќе го имаме како гостин провокативниот филозоф Петер Халвард, кој ќе има предавање насловено како : : Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење : : После предвањето ќе следи разговор со Артан Садику, а и онлајн полемика отворена за сите кои ќе се приклучат на споделените линкови.
Петер Халвард е професор на Центарот за истраживања на модерната филозофија на Европа при Универзитетот Кингстон во Велика Британија. Во фокусот на неговите филозфски истражувања се филозофските системи на Жил Делез и Ален Бадју. Во релација со овие автори тој објавува неколку книги поврзани со постколонијалните рефренци. Во мигов работи на својата книга насловена како Волјата на наородот која треба да биде објавена во издание на Версо во 2023 година. Воедно Халвард работи и на сет на теми кои се во релација со широката тема за политичката волја.
Петер Халвард е дел од уредувачкиот одбор на магазинот Radical Pfilosophy. Тој докторира на универзитетот Јеил при катедрата за француски и афро-американски студии.
: : Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење : :
Ако сака народниот владетел да ги надвладее своите непријатели и да успее да ја контролира официјалната власт, потсетува Русо, тој мора да ја има предвид волјата што го мотивира и да ги концентрира силите што го поттикнуваат. Напнатоста помеѓу овие две барања помага да се расветлат некои одлучувачки аспекти од работата и на Жан Жак Русо и на Карл Маркс, а потоа и на некои од нивните револуционерни толкувачи во Франција и Русија. Исто така, помага да се направи пошироко согледување и анализа на еманципаторските политичи организирања и стратегии, што Халвард ќе ги илустрира преку разработка на некои примери во релација со Втората интернационала и со борбата за граѓански права во САД. Едно од централните прашања што е секогаш комплексно и заплеткано е политичката димензија на категоријата која често е префрлена на маргините на критичката теорија и филозофија – категоријата на каузалност, а особено своевидната командна каузална моќ поврзана со осмислена и наменска колективна практика.