Курдите се повлекуваат од североистокот на Сирија

Курдските сили, пред договорениот рок, го завршија своето повлекување од сигурното подрачје на североистокот на Сирија според договорот од Сочи на претседателите на Русија и Турција, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Повлекувањето на вооружените формации од територијата каде што треба да се направи сигурен коридор е завршено пред рокот“, рече Шојгун, наведувајќи дека и сириските граничари и руската војна полиција сега се наоѓаат во таа област, пренесува ТАСС.

Шојгун ова го изјави во разговорите со неговиот ерменски колега Давид Тонојан.