Курц не ги сака бегалците од Италија

LinkSense.mk

На молбата на италијанскиот премиер Џузепе Конти земјите од Европската унија да примат бегалци кои во Италија стигнале преку море, австрискиот канцелар Себастијан Курц одговори дека Австрија нема намера да го стори тоа.

Со пријателски, но исто така остар тон, Курц порача дека Австрија нема да учествува во дополнителна распределба на бегалци.

Австриската влада не сака да прими 50 бегалци, а објаснувањето на канцеларот за таквиот став е дека Австрија во 2015 година веќе примила повеќе од 150.000 молби за азил, и поради тоа веќе дала највисок допринос во солидарноста на мигрантската политика на Унијата.

Курц во своето писмо до италијанскиот колега нагласи дека прави се одново да се зајакне мандатот на Фронтекс, за да се овозможи бегалците да се вратат надвор од ЕУ и со тоа да и се олесни на Италија.

Австрија сака да ја запре илегалната миграција преку море и предупредува дека моментно повеќе од 600.000 луѓе во Либија чекаат превоз кон Европа, заради што приемот на бегалците би бил контрапродуктивен.