Курц: Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните

LinkSense.mk

Австрискиот канцелар Себастијан Курц преку видео порака денеска повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30 септември.

„Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja донесам вашата одлука, но како пријател на Македонија, се надевам на правилна одлука и на европски развој, порача Курц..

Тој го поздрави постигнатиот договор со Грција, а неговото прифаќање на референдумот, како што истакна, е голема шанса за европерспективата на Македонија и за целиот регион.