Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лавина реакции по навредите на Чилиманов за Кочо Рацин
Во Фокусот

Лавина реакции по навредите на Чилиманов за Кочо Рацин

февруари 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Текстот на предводникот на здружението „СОС“ за десоросоизација на Македонија, Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил за Коста Солев Рацин, во кој што го поетот нарекува „џуџето од Велес“ и преку анализа на неговата песна „На Струга дуќан да имам“ го обвинува за отровно, штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа, патем тој и констатира дека „Единственото добро нешто што може да се каже за Рацин е дека умрел на време“ предизвика мноштво реакции на социјалните мрежи.

Музичарот Златко Ориѓански преку ФБ одговори на навредите на Чилиманов на ликот и делото на Рацин. Тој, меѓу другото, напиша:

„Да земеш народна песна, сеедно дал е мелодија или стихови, на неа да се потпираш и од неа да направиш нова песна или поема, таков Шекспировски принцип и потег може само гениј, нешто што шупелка како тебе не може и никогаш нема да може. Да не беа браќата Миладинови и Рацин, ние денес се уште ќе пеевме само народни песни. За наша среќа се појавија овие великани и на модерен начин отворија нов пат. Твојот акл е мал, за да ја разбере оваа голема работа.

Коста Солев Рацин беше поет, поетиште, тебе ти кажувам Цветине, ваму слушај, самоилов слепецу. Рацин е поетиште големо, за нас важен, како оној мост во Истанбул кој спојува исток и запад, Европа и Азија, векови и неколку географски времиња“, Златко Ориѓански

Рацин беше почеток на создавање модерна поетика, која ке се потпира на нашата традиција. Нема земја, нема свет, нема голем поет, музичар ил сликар кој не се држел до овој вековен принцип, почнувајќи од Шекспир, преку Андриќ, Кадаре, Достоевски, Пикасо, Маркес, Дилан, Џон Ленон, стасувајќи до сликарот Кондовски, Горан Стефановски и натака. Господ еден знае кај ке теравме ако не беше Рацин, ама секој свесен човек знае дека немаше да се случат Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Радован Павловски, се до Дарко Лешоски, денеска.

Оние реченици за смртта на Рацина, нема да ги дискутирам оти се чист провинцијален, паланечки простаклук на некој кој можеби сонувал да стане поет, ама роден без дарба, заминал со умот во три мајчини, од злоба, завист и пакост, познати и признати „дарби“ македонски.

Најголемата штета која ја правите ти и твојве ненадарени соборци се состои во тоа што сета нација ја враќате назад, поминати патишта уништувате и водите млади луѓе по калдрма, терате во жива песок да пропаднат, да се удават. Десет години, четири илјади денови и четири илјади ноќи пред очи ги гледаме и трпиме вашите зулуми, десет години молчиме и без лелек дозволуваме од оваа на умирање Македонија, да упропастувате и черечите, да јадете како крвожедни зверови се што беше добро, убаво, вредно и племенито. Доста беше, доста !!!

На текстот на Чилиманов реагираше и Владимир Милчин.

„Вертикалата на поетот Кочо Рацин и вертикалата на човекот Коста Солев се во совршена хармонија“, заклучува Милчин во неговото видување за навредите врз поетот, откако претходно, како што напиша, „разгневен поради испадот на оној изрод Цветин“, изнесува делови од книгата „Разговори со Милчин” од Цане Андреевски, во која Илија раскажува за средбите со Рацин.

За „ставовите“ на Чилиманов се огласи и Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Велес.

„Ова лице кому власта во заминување му овозможи да биде дел од институцијата Претседател на Република Македонија, денес е задолжено да шири омраза и нетрпеливост низ социјалните мрежи и медиумите.
Рациновите дела се плод на патриотизмот и копнежот за еднаквост, напредок и слобода, вредности што постојано се погазувани од страна на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Обидите на криминалците на власт и нивните соработници да го дефокусираат вниманието на јавноста од правдата и незапирливите промени во општеството нема да успеат.

Тие промени, освен економска обнова на нашата земја, значат и рехабилитација на културните и моралните вредности во општеството.

Во Македонија ќе се живее достоинствено и со достојна почит ќе бидат заштитени и чествувани сите историски, книжевни, традиционални личности и дела кои оставиле неизбришлив печат на културниот идентитет, како што е големиот поет и револуционер Кочо Рацин“, се вели во реакцијата од СДСМ Велес.

Да потсетиме, Цветин Чилиманов вчера на својот Фејсбук профил напиша:

„Апсолутно сум подготвен да ја посочам вината за кризата кон странскиот фактор, странските служби, кон странскиот милијардер кој вештачки го продолжува животот на трулата југословенска збирштина на агенти, новинари,академици и уметници. Но, ајде да поразговараме малку и за нашата домашна одговорност, што е тоа во нас што не прави подложни на вакви влијанија, нејзините почетоци, за тоа како оваа трагична македонска приказна воопшто почна? А почна, како и секое раѓање, со многу надежно исчекување, низ болки и маки, крв и пот. Почна со Коста Апостолов Солев Рацин, џуџето од Велес (yes, I went there)“.

Единственото добро нешто што може да се каже за Рацин е дека умрел на време …“, Цветин Чилиманов

Тој преку анализа на неговата песна „На Струга дуќан да имам“ го обвини поетот за, како што вели, „отровно, штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа“.

„Тука, во оваа песна, јас ја доживувам целата беда на македончето, јасно спротиставена на големината на достигнувањата кои тогаш ни биле на дофат. Коста зема преубава оригинална народна песна, песна на љубовта и човечките достигнувања, и ја покрива со мрачна коприна на длабокиот нихилизам, ништавилото, кое е во суштината на неговата филозофија“, пишува Чилиманов.

„Рацин е ловроносниот поет на едно уплашено, себично, грабливо, тоталитарно време кое го повикувал и посакувал со неговите песни. Единственото добро нешто што може да се каже за Рацин е дека умрел на време, пред да стане партиски комесар и цензор, човек кој ќе одобрувал која книга е доволно револуционерна за да смее да се објави, а која книга значи дека авторот треба да биде пратен на превоспитување (или нешто уште полошо). Пред да се претвори во кодош и денунцијант како Славко Јаневски. Убиен е од неговите, нормално, од еден од ѕверовите кои ги инспирирал на грабеж (под претпоставка убиецот воопшто да бил писмен да ги прочита песните на Рацин — можеби не ни му бил потребен друг поттик отколку да намириса дека доаѓа време на разграбување на имотот што неговите трудољубиви соседи домаќини го имале стекнато).

Општеството кое Рацин го посакувал, во кое поединецот мора да биде потчинет на масата, мора да биде владеено само со брутална сила, со тајна (или не толку тајна) политичка полиција, која ќе ги гони неистомислениците, сите што нема да го воспеваат комунистичкиот режим. Да ја преживеел војната, Рацин можеби ќе имал доблест да крене рака и да каже, полека бе другари, не се боревме за ова. И ќе го отепале малку подоцна, на друго место. Поверојатно ќе се запиел. Најверојатно ќе станел политички комесар во некоја издавачка куќа и ќе решавал што смее, а што не смее да се отпечати како политички одобрена литература“, пишува Чилиманов.

актуелно Владимир Милчин Златко Ориѓански Кочо Рацин Цветин Чилиманов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.