Лавров: „Путин не е болен!“

LinkSense.mk

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги демантираше шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин е тешко болен.

Одговарајќи на прашање на новинарите на францускиот ТФ1, Лавров рече: „Мислам дека разумните луѓе не можат кај претседателот да видат какви било знаци на болест или земање лекови“.

Лавров додаде дека Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, „секој ден се појавува во јавноста“.

Можете да го видите на екраните и да ги читате и слушате неговите говори. Ширењето такви гласини нека бидат на совест на оние кои го прават тоа“, истакна Лавров.

Според западните медиуми, здравјето и приватниот живот на Путин се табу теми во Русија и речиси никогаш не се јавно дискутирани.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)