Лаос: Се сруши брана, има жртви, стотици исчезнати

LinkSense.mk

Повеќе лица го загубија животот, а стотици се водат за исчезнати, откако се сруши брана на југоистокот на Лаос.

Во провинцијата Атапо поплавени се најмалку шест села, а околу 6.000 луѓе останаа без домови, јавуваат агенциите.

За сега не се познати причините кои довеле до рушењето на браната.

Поради несреќата премиерот на Лаос, Тонгоун Сисулит, ја одложи седницата на владата и го посети местото на несреќата, додека локалните власти апелираа да се помогне на населението во поплавените подрачја со облека, храна вода за пиење и лекови.

Браната ја изградиле компании од Лаос, Тајланд и Јужна Кореја, пренесува Ројтерс.