Лајен: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, повторувам нема сомнеж

LinkSense.mk

Овде сум денес зошто верувам дека ова е моментот да продолжиме со заедничка иднина. Покажавте смелост  и одлучност, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во обраќањето во Македонското собрание.

Тоа го постигнавте и со договорот од Преспа, а тоа ви го отвори патот кон НАТО, чија членка сте денеска. Покажавте витален капацитет. Вие сте успешен пример за мутиетничко општество. Направите и работевте многу.  Знам дека истото е се случи кога ќе станете членка на Европската Унија, рече лајен.

„Европската комисија секогаш била и ќе биде на ваша страна. Толкувањето на историјата не е услов на пристапни преговори. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, повторувам НЕМА СОМНЕЖ, рече Лајен, по што доби громогласен аплауз од владеачкото мнозинство.

Тоа стои и во ревидираниот француски предлог…., рече Лајен пред пратениците.

За заедничка европска иднина, Лајен повика пратениците да гласаат за ревидираниот француски предлог, која додеде, сепак „изборот е ваш“.

Лајен рече дека изјави дека со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи и следната недела, ако Северна Македонија го прифати францускиот предлог „конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш“.

„Со почетокот на пристапните преговори со ЕУ, во најкраток можен рок, ќе започне и потпишувањето на билатералните договори меѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик и на другите официјални јазици на Унијата“, рече претседателката на ЕК.

Претеникот на Левица, Димитар Апасиев свиреше со свирче додека фон дер Лајен зборуваше и остави транспарент на кој пишува „НЕ“ на говорницата додека зборуваше претседателката на ЕК.

Пратениците од опозицијата држеа транспаренти на кој е испишано „НЕ“.

 

ФОТО: МИА