Корејската компанија ЛГ на овогодинешниот ЦЕС, најголем саем за потрошувачка електроника, го претстави веројатно најтенкиот телевизор на светот, кој во продажба ќе се најде на пролет.
Станува збор за модел од серијата 4K OLED W7, кој ќе биде достапен во две варијанти, со екрани од 65 и 77 инчи.
Тој е тенок само 2,57 милиметри и се рекламира како „wallpaper TV“, а има вграден Wi-Fi, HDMI порт, webOS 3.5…
Неговата цена, како и точната дата на излегување на пазарот, сеуште не се познати за јавноста.