ЛДП има решение за загадувањето

„Загадувањето на воздухот е една од најголемите закани по здравјето на луѓето. Неколку години наназад Скопје, но и Тетово и Битола, се едни од најзагадените градови во Европа. Големото загадување на воздухот е причина за голема смртност и предизвикување на сериозни заболувања во Македонија“, истакна потпретседателот на Либерално демократската партија, Зоран Шапуриќ на прес конференција.

За подобрување на состојбата, од ЛДП бараат итно да се прекине со уништување на зеленилото и да се подогнат нови зелени површини, да се инвестира во уреди за пречистување на воздухот, да се спроведе строга контрола на градежните работи и, во деновите кога има голем коефициент на загаденост, да има бесплатен јавен превоз.

ЛДП предлага низа мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот.

Од партијата, меѓу другото, бараат државни инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, итна забрана на увоз на стари возила, стимулација на користење на електрични возила и изградба на подземни сообраќајници во големите градови.