„Легис“ со хуманитарна помош за Украина

LinkSense.mk

Денес, во името на Невладината организација Легис, Јасмин Реџепи врачи хуманитарна помош за цивилното население во Украина на здружението на Украинци во Македонија – Лесја Украина.

Итната хуманитарна помош се состои од 440 ќебиња и 200 носилки за бебиња.

Помошта ја примија Олександр Урбанович, претседател на Лесја Украина и Роман Буга, прв советник во амбасадата на Украина во Македонија.

Со оваа симболична помош сакаме во дело да ја покажеме нашата солидарност, како и да ја продолжиме традицијата на ‘Легис’ во учествувањето на меѓународните хуманитарни акции за помош на протераното цивилно население во земјите зафатени со воена агресија или природна непогода. Отворени сме за донации, во соработка со Лесја и со Украинската амбасада, со цел олеснување на маките на бегалците кои за жал се принудени да ги напуштаат своите родни краишта и домови“, изјави генералниот секретар на Легис, Јасмин Реџепи.