Летонски министер оценува: Можен е судир меѓу НАТО и Русија

Милитаризацијата на границата со Литванија од страна на Минск, како и претстојните руско-белоруски воени вежби носат во себе ризик да предизвикаат инцидент со трупите на НАТО во балтичките држави и Полска“, изјави министерот за надвореѓни работи на Летонија, Едгарс Ринкевичс за „Фајненшел Тајмс“.

Ринкевичс нагласи дека во текот на претстојните воени вежби „Запад 2021“ следниот месец постои голема веројатност за „неразбирање за некои дејствија“ од страна на Русија и Белорусија.

Кога имате криза на границата, кога имате големи воени вежби близу границата на НАТО, кога го зголемувате своето (воено) присуство на нашата страна – на литванската, естонската и полската, сето тоа, се разбира, ја зголемува веројатноста за избивање на инцидент“, рече министерот.

Заедничките руско-белоруски вежби „Запад 2021“ ќе се одржат од 10 до 19 септември во Русија и Белорусија. Кон крајот на јули руска војска стигна во Брест заради подготовки за вежбата.

На границата меѓу Литванија и Белорусија, каде што и понатаму е актуелно прашањето за мигрантската криза, ноќта на 8 август се слушнаа истрели и беа испукани неколку сигнални ракети.

Официјален Минск тоа го објасни како планирани вежби на границата.

Вилнус, пак, од своја страна изјави дека спречиле 80 мигранти да ја преминат границата, но дека на граничарите им е се потешкпо да се изборат со протокот на илегални мигранти кои сакаат да влезат во Европската унија.

Литванија изрази подготвеност да побара помош од земјите членки на Унијата.