Лига Европа: Познати сите четвртфиналисти

После реванш натпреварите од осмина финалето во Лига Европа познато е кои екипи поминаа во четвртфиналето. Во Нион утре ќе биде познато кој со кого ќе игра за пласман во полуфиналето.

Понатаму поминаа Бешикташ, Генк, Селта, Ајакс, Андерлехт, Лион, Шалке и Манчестер јунајтед.

Бешикташ на свој терен и покрај тоа што играше со десет играчи од 35 минута (исклучен беше Абубакар) успеа да го демолира Олимпијакос, Селта ја потврди победата, а Генк ја сочува големата предност која ја стекна во првиот натпревар.

Во натпреварите кои почнаа подоцна, на четири од пет натпревари се радуваа домаќините. Ајакс после поразот (1:2) во Амстердам го победи Копенхаген, Андерлехт немаше премногу проблеми со АПОЕЛ, додека Манчестер јунајтед со малку проблеми преку Хуан Мата обезбеди пласман во следната фаза.

Најинтересно беше во Италија и Германија. Рома после 4:2 во првиот меч, успеа во Рим да дојде до водство од 2:1, но од 60 минута не успеа да постигне уште еден погодок, па француската екипа благодарение на одличниот прв натпревар оди понатаму.

Неверојатно е што пропушти Борусија од Менхенгладбах на својот стадион. На полувремето имаа два гола предност и требаше само да го сочуваат стекнатото водство, но Шалке прво во 54 минута преку Горецки намали, за да Бенталеб во 68 минута изедначи од пенал.

Резултати:

Бешикташ – Олимпијакос  4:1

Генк – Гент  1:1

Краснодар – Селта  0:2

Ајакс – Копенхаген  2:0

Андерлехт – АПОЕЛ  1:0

Рома – Лион  2:1

Манчестер јунајтед – Ростов  1:0