Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лидерите на ЕУ и Западен Балкан на онлајн самит за Ковид-19 и европерспективата на регионот
Македонија

Лидерите на ЕУ и Западен Балкан на онлајн самит за Ковид-19 и европерспективата на регионот

мај 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Состанокот на лидерите на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се одржи утре по пат на видео конференција  поради пандемијата од Ковид 19.

-Во борбата против Ковид 19  ЕУ и Западен Балкан се обидинети. Самитот ќе даде можност за истакнување  на меѓусебната солидарност и соработка во време на криза, соопшти хрватското претседателство со ЕУ.

ЕУ најави дека ќе обезбеди над 3,3 милијарди евра за помош на регионот на Западен Балкан за справување со корона кризата.

Лидерите исто така ќе ја реафирмираат европската перспектива за Западен Балкан, како и „определеноста на државите од Западен Балкан да се придржуваат кон европските вредности и принципи“.

-ЕУ е најважниот партнер за регионот на Западен Балкан, а видео конференцијата ќе го нагласи значењето на единствените односи меѓу Унијата и Западниот Балкан, се наведува во соопштението од  хрватското претседателство.

Се очекува учесниците на видео конференцијата да разменат мислења за новата фаза на блиска соработка за решавање на социоекономските последици од ковид кризата, важноста на регионалната соработка, како и за тоа како најдобро да се управува со безбедносните предизвици.

На состанокот ќе учествуваат претседатели на држави и влади на земјите членки на ЕУ и шестте земји од Западен Балкан – Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

Со состанокот ќе претседава претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула  фон дер Лајен ќе ја претставуваат Европската унија.

На видео конференцијата ќе учествуваат и Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска кој е актуелен претседавач на ЕУ, високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност  Жозеп  Борел, претседателот на ЕП, Давид Сасоли, како и претставници од Европската банка за обнова и развој, Светската банка, Европската инвестициска банка  и на Советот за регионална соработка.

Предвидена е прес-конференција по состанокот на која ќе се обратат претседастелот на Европскиот совет Мишел, претседателката на ЕК, Фон дер Лајен и хрватскиот премиер Пленковиќ.

ЕК пред одржување на самитот ЕУ – Западен Балкан на крајот од април месец најави дека покрај засилената поддршка која вклучува над 3,3 милијарди евра за регионот која треба да одговори на итните здравствени потреби и да помогне за социјалното и економското закрепнување.од ковид кризата, ќе следи и долгорочна поддршка што ќе биде презентирана подоцна оваа година во форма на економски и инвестициски план за регионот. Целта на планот  е поттикнување на долгорочно закрепнување, зајакнување на економскиот раст и поддршка на реформите, потребни за да се оди напред на патот кон ЕУ.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерката за Европа на Австрија, Каролине Едштадлер, на видео-конференциска средба вчера се согласија дека претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан претставува исклучителна прилика и можност за лидерите од регионот и ЕУ  да ги зајакнат меѓусебните односи и да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат.  Во однос на преговарачката рамка која се очекува да биде презентирана од страна на Европската комисија на почетокот на јуни Османи потенцираше дека таа се смета за најважен документ и треба внимателно посветување на утврдените позиции на земјите членки како и усогласување на истите со нашата земја со цел, како што наведува, во иднина да имаме лесен и непречен тек на преговорите.

-Во периодот кој ни претстои треба посветено да продолжиме да работиме и лобираме, со цел преговарачката рамка да биде поволна за сите, бидејќи во моментот кога истата ќе биде усогласена веќе нема простор за менување на правилата, додаде Османи.

Претходниот Самит ЕУ – Западен Балкан се одржа на 17 мај 2018 година во Софија, Бугарија. Од самитот произлезе тн. Софиска декларација, како и анекс на декларацијата, во која беа наведени нови мерки за засилена соработка на ЕУ со регионот.

актуелно Западен Балкан Ковид-19 лидери онлајн
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.