Лидерот Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се откажуваат од патните трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска на Твитер објави дека тој и партискиот лидер Зоран Заев потпишале изјави за откажување од средствата што им следуваат на име на патни трошоци.

– Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ. За да дадеме пример, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци, наведе Николовски во твитот.

Тој водно ги повика и останатите пратеници во Собранието да го следат овој нивни чекор.

– Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни, потенцира Николовски.