Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лидерска средба кај Стево Пендаровски
Македонија

Лидерска средба кај Стево Пендаровски

октомври 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Организирање предвремени парламентарни избори е фокусот на лидерската средба закажана за денес попладне во 17 часот, иницирана од претседателот Стево Пендаровски, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.

Своето учество на средбата го најавиле сите поканети, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зијадин Села, Африм Гаши и Билал Касами.

Речиси сите од нив во пресрет на средбата побараа предвремени избори. Власта бара нов мандат за да ги продолжи реформите, а опозицијата казна за Владата за неуспехот за почнување преговори со ЕУ и доверба за, како што велат, нов почеток за државата.

Премиерот Зоран Заев вчера оцени дека со негативната одлука на ЕУ е направена историска грешка и најави дека на лидерската средба ќе побара организирање брзи предвремени парламентарни избори, на кои, како што потенцираше, граѓаните ќе кажат по кој пат ќе одиме понатаму.

„Народот ни даде мандат и честа да го водиме и тој сега ќе одлучи дали продолжуваме по истиот пат. Ако е така, јас барам одново чист и отворен мандат за да ги продолжиме реформите. Не сме сјајни, имавме грешки, но нема друг пат. Сѐ друго е ќор-сокак, сѐ друго е крив пат и нешто во кое се вртевме во круг 27 години. Ја донесов одлуката вчера откако се консултирав и со повеќе луѓе, со коалициски партнери“, рече Заев во обраќањето во кое објави дека ќе бара предвремени парламентарни избори.

Повекувањето од премиерската функција, како што рече, ќе биде во согласност со законот и според тоа каков договор ќе биде постигнат за воспоставување на т.н. Пржинска влада.

„Ќе се почитува Пржинскиот принцип, терминот ќе го договорат лидерите, а народот треба да одбере по кој пат ќе одиме, кон демократски развој и просперитет или кон изолација и национализам“, истакна Заев.

„Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните“, изјави Ахмети, порачувајќи дека по негативната одлука на Брисел не треба да очајуваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.

Што побргу да се закажат предврмени избори побара и партијата Алтернатива, кои, како што вели лидерот Африм Гаши, ќе го потврдат ставот на граѓаните за своите посакувани претставници.

„Алтернативците“ бараат и да се редефинира Изборниот законик и да се прочисти Избирачкиот список.

„Фактот што вратата на интеграцијата на државата за Европската унија е пред сериозна пречка, е доволен повод земјата да оди на неопходни предвремени избори“, смета Гаши.

За Алијансата за Албанците е добра вест што ќе има предвремени парламентарни избори. Лидерската средба, информира партискиот портпарол Флакран Беџети, ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес.

„Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани. Како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политчките противници, односно ДУИ, кои подолго време – две децении ги претставуваат гласачите Албанци“, вели Беџети.

Претходно, претседателот на Беса, Билал Касами го оцени како неуспех на власта недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската унија и побара оставка од Владата и предвремени парламентарни избори.

„Иако оваа Влада дојде со многу ветувања, таа не остварува скоро ништо и ја испраќа земјата многу чекори назад. Од денес, земјата е во длабока криза, а надминувањето на оваа криза се решава со колективна оставка на оваа Влада и земјата што е можно поскоро да оди на предвремени парламентарни избори“, рече на прес-конференција Касами.

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето до јавноста по негативната одлука од Европскиот совет порача дека сега е време да се покаже единство околу стратешката ориентација на државата, без разлика на легитимните политички разлики по многу прашања.

„Во овие моменти, најмалку што ни е потребно, е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени земји членки на Унијата и без потреба да ја трошиме енергијата во креирањето на политички тензии. Токму затоа, во името на нашата иднина ги повикав раководствата на најголемите политичките партии, за момент да ги остават настрана своите легитимни партиски интереси и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата“, дециден е шефот на државата.

 

актуелно ахмети Заев пендаровски села средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.