Лидија Вукичевиќ на сцената на Театар Комедија

Мегапопуларната актерка од бившите југословенски простори, Лидија Вукичевиќ, ќе настапи на сцената на Театар Комедија како главна женска улога во претставата ,,Чекајќи го министерот“.
Во оваа комедија играат и Милан Пајиќ и Семир Гигиќ.
Лидија ѝ е позната на целата јавност по многуте улоги од тв екраните. Претставата е закажана на 10 ноември (недела), со почеток во 20 часот на големата сцена во Театар Комедија.