Локализиран пожарот кај Истевник

Рано утрово е локализиран пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник од каде на 2 август започна и серијата пожари кои зафатија повеќе населени места во делчевско и пехчевско.

Натчовечки напори на луѓето кои деноноќно гаснеа ја победи огнената стихија од распространување низ населбите и селата кој гравитираат со планината Средна.

Од огнот оштетени се неколку куќи каде немало безбеден пристап.

Во гаснењето учествуваа жители од селото, припадници на полицијата, армијата, шумската полиција, пожарникари, екипа ловџии и неколку и дваесетина лица од противпожарните единици од Бугарија и Словенија.

Борбата со стихијата продолжува кај селата Тработовиште и Вирче, а според првични проценки досега е опожарена површина од 44,5 километри квадратни.

Состојбата, како што велат од терен, е неповолна, а граѓани се организираат и заминуваат за гаснење на пожарот.