Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон воведоа полициски час по протестите

LinkSense.mk

Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон воведоа полициски час по протестите во саботата поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кога  демонстрантите се судрија со полицијата, која користеше солзавец и гумени куршуми.

Претходно, југозападната држава Аризона воведе полициски час во целата држава.

Како што пренесуваат странските агенции, ограничувањето на движењето, кое ќе влијае на милиони луѓе, стапи на сила во исто време со распоредувањето на повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда, кои беа активирани во 15 држави и главниот град за да дадат поддршка на локалните сили за спроведување на законот.