Лукашенко ги обвини Полска и Литванија за напад на Белорусија

LinkSense.mk

Белорускиот претседател Алексдандар Лукашенко ги обвини денеска Полска и Литванија дека спроведуваат операции за да воспостават канали за транспорт на мигранти во Германија и Франција.

„Моментно на нашите државни граници е присутна една од клучните хибридни закани. Полска и Литванија намерно ја обвинуваат Белорусија дека вештачки произведува мигрантска криза“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека двете држави истовремено воспоставуваат канали за премин на мигранти во Германија и Франција, со што „во голема мера и цинично ги кршат човековите права“.

 

 

 

(Фото: АП)