Лукашенко ја изведе војската на улица

Воена техника на белоруската војска влезе во центарот на Минск заради најавените недозволени протести на опозицијата.

Покрај камионите за превоз на војници, забележани се и оклопни возила како и водени топови за разбивање на демонстрации.

Конвојот на војската го следеле бројни полициски возила, а војниците се распоредени пред резиденцијата на претседателот на Белорусија.

Масовните протести на опозицијата почнаа на 9 август, после претседателските избори.

Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите победи актуелниот претседател, Александар Лукаченко, со 80,1 отсто освоени гласови.

Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победила Светлана Тихановска.

Освен тоа се одржуваат и митинзи на приврзаниците на Лукашенко, чија инаугурација се одржа на 23 септември лани.