Луфтханза казнета за антисемитизам

LinkSense.mk

Повеќе од стотина патници ќе добијат отштета од „Луфтханза“ затоа што не им било дозволено да се качат во авион „поради нивниот изглед“. Членовите на православната еврејска заедница, кои во мај оваа година беа исфрлени од летот за Будимпешта, се договорија со авиокомпанијата.Секој патник ќе добие по околу 21.000 долари (19.900 евра), пишува весникот Хамодиа.

Еден од „оштетените“ откри дека секој од нив ќе добие по 21.000 долари „и нешто ситно“ од Луфтханза.

Тој смета дека спогодбата е „фер“.

Патниците ги застапуваше Американскиот центар за право и правдина, конзервативна адвокатска фирма која се фокусира на верските слободи.

Од „Луфтханза“ потврдија дека е постигната спогодба со мнозинството патници, но одбија да дадат детали.

Инцидентот се случи на 4 мај кога на поголема група православни Евреи им беше забрането да се качат на поврзувачкиот лет од Франкфурт до Будимпешта, каде што требаше да учествуваат на годишен верски настан, на гробот на истакнат рабин.

Неколку патници не носеле маски, поради што авиопревозникот им забранил да се качат на повеќе од 100 патници за кои „според изгледот е заклучено дека се Евреи“.

Чинот е опишан како „расно профилирање од највисок степен“.

„Луфтханза“ првично ја бранеше одлуката повикувајќи се на прописите за носење маски во Германија, но подоцна се појави видео снимка на која вработен во таа авиокомпанија вели дека „Евреите предизвикуваат проблеми“.

Дури после тоа германската компанија се извини.

Во соопштението рекоа дека жалат за околностите поврзани за одлуката одредени патници да се исклучат од летот за Будимпешта.

Извршниот директор на „Луфтханза“, Карстен Спор, подоцна разговараше со главниот рабин во Берлин за да го изрази своето жалење заради настанатиот инцидент.

Спор на рабинот Јехуда Теихтал му рекол дека антисемитизмот нема место во „Луфтханза“. „Луфтханза“ веднаш после овој настан одлучи да назначи офицер за антисемитизам и, исто така, воведе обука за персоналот за антисемитизам, информираше Еврејската телеграфска асоцијација (ЈТА) во август.