Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маестрален концерт на Симон Трпчески со „Македонисимо“ во Белград
Култура

Маестрален концерт на Симон Трпчески со „Македонисимо“ во Белград

декември 24, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пијанистот со светско реноме Симон Трпчески со својот емотивен проект „Македонисимо“ синоќа во Белград приреди вистински празник на македонската традиционална музика.

Во преполната сала на престижниот „Коларац“ со„ Македонисимо“ во изведба на Симон Трпчески, гледачите имаа ретка можност да уживаат, преку виртуелната обработка на најубавите македонски традиционални мелодии, главно од играчки карактер, кои специјално за петчлениот камерен состав ги обработи композиторот Панде Шахов.

„Многу ми е мило што сум во Белград, кој е еден голем центар, со голема традиција и гледачите ќе можат да чујат музика којашто ја познава и сака и ние ќе им приредиме една многу убава вечер“, изјави Трпчески во пресрет на концертот во Белград

И навистина белградската публика уживаше и ја откриваше обработката на Панде Шахов на традиционалните македонски мелодии, кои од класична варијанта, умешно се испреплетуваа во џез и во традиционална музика, според што и сплетот на народните игри во „Македонисимо“ е наречен „Плетенка“.

Во овој проект, кој има за цел, меѓу другото, презентација на македонската музичка традиција, на песните и игри не се пристапува на „академски” начин. Како композитор, сакав да го ставам оригиналниот материјал во мојот сопствен звуковен свет, кој е подеднакво под влијание на импресионистичкиот третман на звукот и џез хармонијата. Затоа, конечниот резултат не е автентичен во етномузиолошка смисла, ниту, пак, е композиторска „стилска вежба”, го објасни концептот на „Македонисимо“ композиторот Панде Шахов, кој дададе дека идејата за овој проект потекнува од Симон Трпчески и неговата страст кон традиционалната музика која беше движечка сила за време на целиот период на осмислувањето.

Невозможниот спој на сето ова, покрај маестралниот Трпчески на пијано, го овозможија и Александар Краповски на виолина, Хидан Мамудов на дувачки инструменти, Александар Сомов на виолончело и перкусионистот Влатко Нушев, сите специјално за овој концерт дојдени во Белград, од европските концертни сали.

По настапите на најголемите концертни сцени низ цела Европа, Симон Трпчески со концертот во Белград, кој беше во организација на Центарот на белградските фестивали (ЦЕБЕФ), првпат го промовираше проектот „Македонисимо“ на Балканот.

 

Белград македонисимо Симон Трпчески
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.