Македонија има напредок во енергетската политика

Македонија е умерено подготвена во областа на енергијата, постигнат е добар напредок, особено преку усвојување на законодавството за спроведување на третиот енергетски пакет.

Во наредната година, државата треба да го заврши раздвојувањето на операторот на системот за пренос на гас, да го зголеми техничкиот и инженерскиот персонал на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, како и да го усвои и спроведе законот за енергетска ефикасност.

Ова се главните препораки од Европската комисија во извештајот за напредокот на земјава во 15-тото поглавје – Енергија и енергетска политика.