Македонија на средина на листата за расизам во Европа

Мапата направена од „Мајнд хакс“ врз основа на спроведен психолошки тест, со кој се проценувало како жителите реагираат на луѓе со друга боја на кожа, покажува колку е развиен расизмот кај луѓето од различни земји.

Мапата се базира врз резултати направени врз 28.076 бели Европјани.

Резултатите биле сумирани на универзитетот „Харвард“ во периодот од 2002 до 2015 година.

Сината боја означува понизок степен на расизам, додека црвената означува висок степен на развиен расизам,

Во Европа расизам најмногу преовладува во Чешка.

Во Македонија тестот бил извршен врз 371 испитаник.

Кај нас расизмот е поразвиен од останатите балкански земји и е поблизу до земјите во Источна Европа, отколку до западноевропските земји.